Тел: (02) 3065-337

ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“

Нашето училиште

Училиште исполнето со дух и топлина, постојано во чекор со новитетите во воспитно-образовниот процес. Знаејќи ја важноста на почетоците во образованието на секој млад човек, нашиот наставен кадар се труди на најдобар можен начин да ги подготви и оспособи младите за понатамошните предизвици во образованието.

Нашето училиште со години наназад е непресушен извор на многу генерации, кои значат многу не само за историјата на училиштето, туку и со понатамошните кариери дадоа голем придонес во областа на образованието, науката, културата, уметноста итн. Нашето училиште може да се пофали со современи училници опремени со компјутери, како и обучен кадар за работа со истите.

Со поставување на интернетот, се прошири и  можноста за вклучување на компјутерите во наставата, во новите проекти, што нудат еден нов правец во воспитно-образовниот процес, односно користење на дигитални содржини, размена на информации и поврзување со други институции и училишта во градот и државата, а од голема важност во поново време се и многубројните еколошки активности, општествено хуманитарни активности, ширењето на мултикултурализмот, проектот за меѓуетничка интеграција, одличната соработка и поддршка од општина Карпош, БРО и МОН и другите институции во нашата држава.

 

ОГЛАСНА ТАБЛА

Документи и протоколи за работа

Упис на првачиња 2024-25 година

Согласно Законот за основно образование (Службен весник на Република Македонија бр. 161 од 5.8.2019 година, член 59 и 60, ООУ ,,Христијан Тодоровски Карпош” – Скопје, Општина Карпош

С О О П Ш Т У В А:

Запишувањето на учениците во прво одделение започнува од 7.5.2024 година и трае до 31.5.2024 година.

Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2024 година ќе наполни шест години.

По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31.1.2025 година ќе наполнат 6 години, но по претходно барање на родителот и добиено мислење од страна на педагогот или психологот во училиштето.

Потребни документи за упис:

1. Извод од матична книга на родените на ученикот (фотокопија);

2. Лична карта од родител/старател – на увид;

3. Потврда за примени задолжителни вакцини (од надлежната здравствена установа)– останува во училиштето;

4. Потврда за орално здравје од стоматолог (се изготвува во Детски диспанзер Карпош) – останува во училиштето;

5. Потврда од офталмолошки преглед издадена од офталмолог;

6. За деца со попреченост, мислење/функционален профил од комисија за проценка на деца и младинци за дополнителна образовна, социјална и здравствена поддршка според МКФ.

7. Пријава за упис ( може да се симне од нашата веб страна или да се пополни во училиште);

Директор

_______________

д-р Мирјана Алексова

ГОДИШНА ПРОГРАМА 2023-2024

Распоред на часови за 2023 2024 г за ООУ „Х.Т. Карпош“

Распоред за додатна и дополнителна настава за учебна 2023-24 г.

Приемен ден на наставниците во 2023-24 г.

  • ПРОТОКОЛ  ЗА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО
  • Протокол за работа на психологот

 

Новости

 ,,Родителство за целоживотно здравје за родители на деца од 5 до 10 години“

 ,,Родителство за целоживотно здравје за родители на деца од 5 до 10 години“

На 11.04.(четврток) се одржа и втората работилница од програма    ,,Родителство за целоживотно здравје за родители на деца од 5 до 10 години“ Родителите повторно не удостоија со нивното присуство и активност во реализирање на целите и задачите, планирани за оваа...

,,Родителство за целоживотно здравје за родители на деца на возраст 5 до 10 години”

,,Родителство за целоживотно здравје за родители на деца на возраст 5 до 10 години”

На ден 3.04.( среда) во нашето училиште се одржа првата работилница од планираните пет сесии од програмата,, Родителство за целоживотно здравје за родители на деца на возраст 5 до 10 години",поддржана од Општина Карпош. Работилниците се водени од нашите сертифицирани...

план за јавни набавки 2024 г.

ИСТОРИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

Време и спомени, времето незапирливо минува, а во него човекот, или сите ние се обидуваме да правиме добри дела што како неизбришливи траги ги оставаме зад идните генерации.

ХРИСТИЈАН ТОДОРОВСКИ КАРПОШ

Изминуваа последните пролетни денови, здивот на жешкото сонце се чувствуваше се посилно, а топлите зраци само што почнаа да се уриваат од високите врвови на Карадак и Јаблан.

УЧИЛИШНИ ДОКУМЕНТИ

На оваа страна можете да ги најдете сите важни училишни документи од училиштето, како што се годишните програми, годишните извештаи и слично.

Постојано во чекор со новитетите

Знаејќи ја важноста на почетоците во образованието на секој млад човек, нашиот наставен кадар се труди на најдобар можен начин да ги подготви и оспособи младите за понатамошните предизвици во образованието.

непресушен извор на многу генерации

Нашето училиште со години наназад е непресушен извор на многу генерации, кои значат многу не само за историјата на училиштето, туку и со понатамошните кариери дадоа голем придонес во областа на образованието, науката, културата, уметноста итн

современи училници

Нашето училиште може да се пофали со совремни училници опремени со компјутери, како и обучен кадар за работа со истите.

Детска химна за Карпош кој го сакаме

Дигитална интеграција во учењето

Почитувани ученици и родители,

По добиените насоки од МОН, БРО и Општина Карпош, а со единствена цел да излеземе во пресрет на нашите ученици, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, Општина Карпош Скопје, Ве известува дека секој актив на наставници од I – IX одделение, подготвува база на податоци, едукативни содржини и посочени интернет сајтови кои ќе ги споделат со Вас преку платформата која е веќе во функција.

Целта на овој вид учење е да се посочат платформи кои овозможуваат пристап до содржини соодветни на возраста на нашите ученици, подобрување на дигиталната интеграција во учењето, подучувањето, пристап и учење преку отворени образовни ресурси.

Сето ова, во овој период кога децата не одат во училиште, дава поддршка на учењето базирано на ИКТ, развивање компетенции на наставниците да ги користат новите технологии за подобри резултати од наставата и наставата; подобрување и проширување на понудата на висококвалитетни можности за учење преку иновативни начини на информирање и испорака.

Сé она што го учиме на училиште, нашите ученици ќе можат со помош на овие дигитални содржини да го вежбаат во слободното дома.
Едукативно, корисно и креативно , низ разни игровни активности.

Со почит,
д-р Мирјана Алексова
Директор на ООУ,,Христијан Тодоровски Карпош,,
Општина Карпош – Скопје

Корисни линкови

ООУ ХТ Карпош

ООУ ХТ Карпош